
Со овој триумф Реал Мадрид го одржа притисокот врз Барселона бидејќи се израмни на по 63 бода.
Резултатот го отвори Килиан Мбапе со гол од белата точка по девет минути игра. Во финишот на полувремето со головите на Гарсија и Раба екипата на Леганес стигна до пресврт (1-2). Сепак, на стартот на продолжението израмнување донесе Џуд Белингем.
Реал притисна и на крајот тоа резултира со гол за 3-2, а повторно стрелец беше Мбапе. Французинот од слободен удар одигра воиграна ситуација, ја допре топката само до Фран Гарсија, а овој му ја смири малку подесно па Мбапе реализира во 76. минута.
„Кралевите“ сериозно се измачија на „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи поведоа па дозволија пресврт, а потоа се извлекоа и победија.