
Полициски службеници од тетовското СПБ вчера во 16:55 часот во Тетово го привеле М.М.(37) од Тетово.
Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот стан и помошни простории, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се четири тегли марихуана, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека се принос од казниво дело.
Лицето е приведено во полициска станица, за настанот известен е јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.