
Името се уште не е објавено, а за Меган ова е четврто дете – и прво девојче. Актерката веќе има три сина од претходниот брак со актерот Брајан Остин Грин. Од друга страна, Кели има петнаесетгодишна ќерка од претходната врска.Славната двојка започна да се забавува во 2020 година, а се верија во 2022 година. Фокс во ноември 2024 година откри дека е бремена, а дека претходно изгубила бебе. Сепак, тие раскинаа на крајот на минатата година, набргу откако ја споделија веста со јавноста дека чекаат бебе. Како што тогаш пренесе TMZ, причината за нивното ненадејно и сосема неочекувано раскинување е наводно вознемирувачкиот материјал кој актерката го нашла на мобилниот телефон на својот сакан, поради што решиле да ја раскинат свршувачката.„Таа е конечно тука!! Нашето мало небесно семе“, напиша Кели во описот на црно-белото видео на кое се гледа како ја држи ќерката за рака, нежно милувајќи ги нејзините прсти.
Американската актерка го роди своето четврто дете на 27 март, прво со нејзиниот сега веќе поранешен вереник, музичарот Машин Ган Кели.Музичарот ја сподели радосната вест на својот профил на Инстаграм, објавувајќи видео на кое ја држи својата новородена ќерка во раце.