
Вицепремиерот Изет Меџити го коментираше барањето на министерката за енергетика Сања Божиновска до Бирото за метрологија да се стави во функција софистицирана опрема за тестирање и верификација на броилата на електрична енергија.
Меџити на Фејсбук пишува дека не треба да има паушални сметки за струја, па со оваа акција ќе се разгледуваат сите поплаки на граѓаните.
Целосна реакција:
„Доста е со неправда! Да нема паушални сметки за трошоци за струја! Мерачите да не останат непроверени 7 години, додека граѓаните плаќаат неправилни сметки! Ќе се воспостави строга контрола и секоја поплака ќе има место за пријавување. Независен државен орган правично и транспарентно ќе ги разгледува сите претставки! Нема да се толерираат неправилности, државата застанува во одбрана на граѓаните!