
Екипата на Милан вчера забележа убедлива победа над Удинезе на гостински терен од 0-4, но натпреварот остана во сенка и на повредата која ја заработи голманот Мајк Мењан.
За ваква ситуација Серија А може да додели и казна, сепак „Газета“ пренесува дека „росонерите“ ќе избегнат санкција.
Но, италијанските медиуми забележаа и дека во Милан со замената на Мењан прекршиле и едно правило. Имено, откако Мањан го напушти теренот како капитен, лентата од неговата рака не беше преземена од друг фудбалер.
Францускиот чувар на мрежата имаше судир со својот соиграч Хименез по што беше изнесен од теренот на носилки, За среќа прегледите не покажале посериозна повреда и тој утрово бил пуштен од болницата.
Вообичаено заменик капитен е Тео Ернандез кој постигна и гол како капитен на теренот, меѓутоа тоа го направи без лента на раката.