
„Примивме гол во последните секунди, но нема простор за разочарување. Македонија покажа дека може да биде рамо до рамо со најдобрите во Европа, а Велс е една од тие“.Велс доминираше во текот на најголемиот дел од мечот, но Македонија беше поблиску до победа, сепак не ги освоивме трите бода благодарение на примен гол во 96. минута.„Не верувам дека момците од еуфоричност ги направија грешките. Вакви моменти се случуваат во фудбалот, нас ни се случи вечерва. Некој пред мечот да ни понудеше четири бода, ќе ги прифатевме“.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје?
↓↓↓
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од изданието на Македонија против Велс, вели дека ремито е најреален резултат и покрај тоа што секунди фалеа за да победиме.„Има горчина што на тој начин се одвиваше мечот, но не можам а да не бидам задоволен. Пред себе имавме сериозен противник, се работи играчи кои играат во Премиер лигата и во Франција. Видовте како тим дека се на највисоко можно ниво, но нашите играчи покажаа дека од меч во меч напредуваат и мислам дека ни фали уште тој фактор плус за да бидеме над селекции како Велс. Моравме да бидеме фокусирани додека се означи крајот, жалиме што не победивме, но најреално е реми“, вели Милевски.