Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва истакна дека министерот за правда и дел од владината коалиција ЗНАМ, Игор Филков, имал слаби перформанси.Како што вели, ова е негово лично мислење.
Тој додава дека се согласува дека има навистина слаб придонес од страна на Филков.
„Ова е мој личен став, јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските кои што ги има преземено за реформите во правосудството“, вели Милошоски во емисијата Топ тема на телевизија Телма.