
– Денес две добри вести! Отвораме нова фабрика во индустриската зона во Штип. 500 до 600 нови работни места за нашите граѓани. Од вчера започна исплатата на повисоките плати. Над 12.000 полицајци добиваат зголемени плати за 10%. Промените не се зборови – тие се случуваат. Македонија повторно станува ваша. Заедно за многу повеќе, за секој еден човек, напиша тој.
Претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски, денеска се огласи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук и сподели две добри вести.
Инвестицијата се проценува на околу 50 милиони евра, а се очекува да се отворат 500 до 600 работни места.
Во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип денеска ќе биде отворена фабриката на канадската компанија „Магна мехатроникс“.