Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе има одговорност за сите инволвирани кои имаат вина за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.„За сево ова што се случи, најпрво мора да има кривична одговорност за сите до еден безразлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, професија…Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме без милост. Потребна е демонстрација на морална одговорност. Во следните денови ќе преземеме низа на мерки и активности и одлуки кои ќе значат многу во борбата за оваа земја во име на сите жртви на оваа трагедија и нивните семејства. Тоа ви го должам вам и на семејствата на загинатите“, изјави Мицкоски.