Премиерот Христијан Микоски објави фотографии по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави ТВ21. Мицкоски вели дека со потпишувањето на договорот за формирање на Висок совет за соработка меѓу двете влади дополнително ќе се продлабочат врските меѓу народите на двете земји.

„Денеска се сретнав со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, каде што ја потврдивме нашата заедничка определба за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во таа насока, ќе биде потпишана Заедничка политичка декларација за формирање на Совет за соработка на високо ниво меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција. Овој Совет ќе претставува важен механизам за продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес на билатерално, регионално и глобално ниво. Убеден сум дека оваа иницијатива ќе придонесе за нови можности и уште посилни врски меѓу нашите народи“, напиша Мицкоски./tv21.tv

