
За сето останато како Влада правиме сѐ што можеме и ќе продолжиме да правиме сѐ што можеме да спасиме човечки живот.
Голема благодарност до лекарите, до медицинските тимови коишто вложуваат натчовечки напори и во првите моменти од ужасната трагедија да спасат човечки животи, во процесот на транспорт, голем дел повеќе од 70,80 пациенти се надвор од државата така што денеска и министерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за здравство се наоѓаат во Солун, и од таму одат во Софија да ги посетат дел од згрижените пациенти. За час и половина имаме седница на Владата, ќе ја потврдиме одлуката да ги покриеме трошоците на 2 члена од семејството за да појдат онаму каде што се згрижени пациентите и превоз и сместување.
Се слушаме со голем број европски и светски лидери, помошта стига од сите страни, а јас сум благодарен на соседите и сите останати.
Јас немам што да додадам на тоа што претходните говорници го кажаа. Мислам дека сите оние информации коишто се поврзани со здравствената состојба на пациентите коишто се наоѓаат во овој објект, за сите оние коишто се наоѓаат во другите објекти, околу протоколите, околу начинот на третирање веќе беше кажано, само ми преостанува да уште еднаш повторам тоа што го кажа директорот, а тоа е секој оној којшто бил во или во близина на ужасниот настан, да се јави на доктор и да побара консултација без разлика дали чувствува или не чувствува било какви тегоби или било какви проблеми, изјави премиерот на денешната прес-конференција со новинарите.
Како држава ги преземавме во рекордно време сите оние неопходни мерки и протоколи коишто требаше да бидат преземени, како никогаш до сега, изјави премиерот.
Едноставно некои работи мора да се направат, нема тука пркосење, нема тука негирање, едноставно мора некои работи да се случи ако сакаме да немаме ефекти коишто ќе ни се случат понатаму во деновите коишто следат. Затоа молам уште еднашка, тоа го кажавме вчера ќе го повторам и денеска, ги молам сите оние коишто беа во периметарот на ужасниот настан, на оваа ужасна трагедија да се јават на доктор, да побараат консултација без разлика дали чувствуваат или не чувствуваат проблеми.