Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“, објави премиерот Христијан Мицкоски. -Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 место на листата. Зад Македонија се најдоа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место. Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на листата за демократија. Продолжуваме заедно да работиме и да ја нормализираме државата. Македонија ќе биде повторно ваша, вели Мицкоски.