Според него, народот е гладен и жеден за правда.
„Ќе им се случи народ, народ ќе им се случи, ќе излезе народ на улица и ќе протестира. Народот е гладен и жеден за правда, такви се законите ние не можеме сега друг тип на закони да цртаме или да пишуваме, тоа е за жал така е. Затоа тие истите имаат таква доверба, замислете вие кај граѓаните доверба под 2%, 3%, 5% или 8%, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает, па ќе им се случи народ. Нема играње со такви работи, прв ќе бидам кој ќе го води народот, прв ќе бидам, ви ветувам дека тоа ќе се случи и после тоа да нема вака било, така било“, порача Мицкоски во интервју на Канал 5.
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва истакна дека ќе им се случи народ на членовите на Судски совет на кои им изгласаа недоверба во Собранието, доколку тие не се повлечат од функциите.