Кошаркарот на третолигашот Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите во дискотеката во Кочани, каде 59 лица загинаа, а стотина се повредени.– Аххх , Аххх НАШ ПЕТАР. Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија. Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Ја почна кариерата уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и победи во рамките на клубот. Тагата е преголема, сочуство до семејството…напишаа на Фејсбук КК Баскет Дино Деликатес – Кочани.
20-годишното момче својата кариера ја почнало на најмала возраст и имал освоено многу трофеи.