Секој ден носи нови предизвици и можности, па потребата за телефон кој ќе го следи твојот брз ритам денес е поголема од кога било. Galaxy S25 и Galaxy S25+ не се само телефони, тие се твој придружници во сè што правиш во текот на денот. Дизајнирани со стил и перформанси кои ќе ги одговорат на сите твои потреби, овие модели од новата Galaxy S25 серија ќе го подигнат твоето мобилно искуство на сосема ново ниво.Гледањето на твои омилени филмови, серии или TikTok видеа на овие телефони е искуство без компромиси. Со динамични AMOLED екрани и HDR10+ поддршка, секоја сцена изгледа жива, со длабоки бои и висока резолуција, без оглед на тоа дали си под сонце или во темна просторија. Придружени со технологијата на Galaxy AI и функционалностите движени од вештачкат интелигенција, тие автоматски го прилагодуваат осветлувањето и боите за секоја ситуација, така што твоето гледање е секогаш на највисоко ниво.
Но, што е тоа што ги прави Galaxy S25 и Galaxy S25+ вистински херои кога станува збор за гејминг? Без да губиш ни момент од акцијата, овие телефони имаат моќни процесори и графика кои се оптимизирани за секоја игра. Galaxy AI и Game Booster се твојата тајна во победата. Системот автоматски ја прилагодува работата на телефонот за да не се случат никакви застои, а тоа значи дека ќе можеш да ги играш омилените игри без никакви прекини. Кога гејмаш во слободно време или за време на долгите патувања, Galaxy S25 серијата е тука да го поддржи твојот натпреварувачки дух и сите твои моменти да ги посвети на победата.Секој детал на Galaxy S25 и Galaxy S25+ е направен да одговори твоите потреби, без компромиси. Дизајнирани да бидат цврсти, стилски и моќни, овие телефони не само што ќе изгледаат добро во твојата рака, туку и ќе ја поддржат секоја активност која ќе ја започнеш. Тие се повеќе од телефон – тоа се твоите дигитални партнери за креативност, работа, забава и гејминг. Биди секогаш во тренд и нарачај го сега твојот нов телефон Galaxy S25 или Galaxy S25+.И да, ова не се само телефони кои се грижат за твојот единствен стил. Тие исто така се грижат и за безбедноста на сите твои податоци кои ги внесуваш во нив. Со вградената заштита на податоци преку Personal Data Engine, твоите лични информации се обработуваат локално на уредот, така што остануваат целосно безбедни и заштитени од неовластен пристап. Samsung Knox Vault ја гарантира дополнителната сигурност на податоците, правејќи го Galaxy S25 твоја сигурна зона во дигиталниот свет.Ако бараш малку помал, компактен, но моќен телефон, тогаш стандардиот модел Galaxy S25 е твојата опција. Со екран од 6,2 инчи, овој супер-брз уред е секогаш тука за тебе, подготвен за сè што ќе го побараш. Но, ако сакаш поголем екран за сите оние моменти кога гледаш видеа или играш игри, Galaxy S25+ има екран од 6,7 инчи со целосно ново ниво на визуелна јасност и деталност. Не само што е поголем, туку неговата батерија од 4.900 mAh ќе те одржи активен цел ден – без да се грижиш за дополнителни полнења.