
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На патот кон Косово на околу четири километри пред вториот кружен тек, утре изутрина од 05:00 до 07:00 часот ќе се врши подигнување на превртен камион со полуприколка, поради што може да дојде до краткотраен прекин или пренасочување на сообраќајот, соопшти АМСМ.
МИА