
Алваро Мората минатото лето реши да го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во Милан.
„Ако можам да се вратам назад во времето, воопшто немаше да го напуштам Атлетико Мадрид. Минатоот лето требаше подобро и подолго да ги размислам работите. Сепак, сега нема поента да зборувам за тоа бидејќи не можам да го сменам. Целата проблематика ме мачеше за време на Европското првенство. Јас сум играч кој сака да се чувствува ценето и сакано“, изјави Мората.
Во кариерата Алваро Мората играше за многу големи клубови како Реал и Атлетико Мадрид, Челзи, Јувентус, Милан…
Сепак, Шпанецот се задржа на „Сан Сиро“ само шест месеци и потоа следеше трансфер во Галатасарај. Сега Мората смета дека веројатно погрешил и не требало да замине од Атлетико.