
Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени во Мјанмар предизвика уривање на облакодер од 30 ката во изградба во Бангкок, при што под урнатините се заробени најмалку 43 работници. Ова се дозна од болнички и полициски извори во главниот град на Тајланд.
Во меѓувреме, службите за итни случаи соопштија дека 50 луѓе се наоѓале во зградата што се урнала во паркот Чатучак, Бангкок.
Земјотресот започна на длабочина од 10 километри во 14:20 часот по локално време, 07:50 часот по Гринич, прецизира USGS. Се уште не се знае дали има жртви.
Извори на АФП во Најпидав, главниот град на Мјанмар, изјавија дека патиштата се распарчени од силината на земјотресот и дека многу згради се сериозно оштетени. Потресите беа почувствувани и во северниот дел на Тајланд и до главниот град Бангкок, каде што жителите излегоа на улиците додека се тресат зградите.