
Италијанскиот стратег Тијаго Мота неодаамна го напушти Јувентус, а според последните најави од Италија би можел брзо да се врати на работа.
Мота во Болоња имаше одлични резултати, но во Јувентус не се прослави. Сепак, во Аталанта веруваат дека може да биде добар наследник на искусниот Гасперини.
Имено, Џанпјеро Гасперини кој ја води Аталанта е главен фаворит за преземање на Рома идната сезона бидејќи е познато дека Клаудио Раниери е привремено тука до крајот на сезоната. Гасперини веќе најави дека нема да го продолжи договорот кој му истекува на крајот на идната сезона, но Рома ќе се обиде да го доведе уште сега.
Ако навистина Гасперини одлучи да замине тогаш, Аталанта ќе мора да бара негова замена и како опција се појавил МОта.
Покрај Мота се споменуваат уште Маурицио Сари, Винчецо Италија и Франческо Фариоли.