
Во моментов процесот се уште не е задолжителен, но во наредниот период ќе стане задолжителен при посетата на матичниот лекар.
Сепак, системот предвидува исклучоци во некои случаи: Медицински итни случаи – пристап до системот без верификација. Деца и изнемоштени поединци – може да се проверат преку друго лице (еден телефонски број за повеќе пациенти).
Корисниците на мобилната апликација „Мое здравје“ можат самостојно да ја вршат верификацијата, без да го вклучуваат својот лекар од примарната здравствена заштита.
„Важно е да се напомене дека верификацијата се прави еднаш, што значи дека пациентите треба само да го потврдат својот телефонски број при првиот преглед. Оваа промена се заснова на анализи кои покажаа дека значителен број пациенти не се јавуваат на своите термини поради старите телефонски броеви. На пример, повеќе од 50 проценти од пациентите со закажани прегледи на дојките не се појавиле, што резултирало со губење на термините кои можеле да се искористат за други пациенти“, објаснуваат од Министерството за здравство.
Од таму потенцираат дека Министерството за здравство и Дирекцијата за е-здравство остануваат посветени на подобрување на пристапот до здравствени услуги и зголемување на ефикасноста на системот, при што се преземаат сите чекори со соодветно прилагодување и исклучоци за категориите пациенти на кои им е потребна.