Ноа Кан за Хозиер истакна дека неговата музика има моќ да ги трансформира животите, а новинарката Хода Котби опиша како Снуп Дог веќе три децении носи радост и топлина кај милиони обожаватели.Иако сме речиси само некаде на средина на годината, музичката сцена веќе пулсира со имиња што оставаат неизбришливи траги. Според новата листа на списанието „Тајм“, меѓу стоте највлијателни личности за 2025 година се најдоа и некои од најголемите светски музички ѕвезди.Секоја личност е претставена преку краток текст напишан од пријател, колега или истакнат познавач. Така, актерот Крис Хемсворт за Ед Ширан напиша дека тој има натприродна способност да ги поврзува луѓето преку музиката, додека Лили Колинс ја истакна храброста и автентичноста на Розе.Меѓу имињата се најдоа и ирскиот пејач Хозиер, позната по емотивните балади со силна порака, како и поп-иконата Никол Шерзингер, чиј раскошен талент и понатаму освојува светски сцени.

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан, членката на „Блекпинк“ Розе и хип-хоп легендата Снуп Дог се само дел од уметниците чие влијание оваа година е препознаено глобално. Нивното делување, преку музика што допира до милиони, инспирира нови генерации и поставува нови стандарди во индустријата.Листата на „Тајм“ не застанува само на забавната индустрија. Вклучени се и спортистки како Серена Вилијамс и Симон Бајлс, влијателни политичари како Доналд Трамп и Џеј Ди Венс, како и визионери како Илон Маск.