
62-годишниот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо е суспендиран на четири натпревари во четвртокот по скандалот на натпреварот Галатасарај – Фенербахче кој заврши без голови, пишува во четвртокот „Раи Радио1“.
Португалскиот тренер беше критикуван од Галатасарај откако изјави дека функционерите и резервните играчи на големиот турски тим „се фрлени наоколу како мајмуни“.
Впрочем, Мурињо е суспендиран на два натпревари поради неговите изјави, додека уште два меча е суспендиран откако го навредуваше четвртиот судија.
„По натпреварот му благодарам на Славко Винчиќ што го судеше овој одличен натпревар. Да беше турски судија, ќе беше катастрофа. Сите на клупата на Галатасарај скокаа како мајмуни по секоја правилна одлука“, изјави Жозе Мурињо.
Галатасарај е лидер во турската Суперлига со 64 бодови, додека Фенербахче е на второто место со 58 бодови.