
Причините за ваквата одлука биле безбедносни, а според неговите информации опција е Нови Сад, а исто така не би требало да биде дозволен влез на албански навивачи.
Според информациите на албанскиот новинар Арлинд Садику натпреварот помеѓу Србија и Албанија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година нема да се игра во Белград.
Србија и Албанија се во иста група каде што прв фаворит е Англија, а првиот меѓусебен дуел треба да го одиграат во Тирана на 7 јуни, додека натпреварот во Србија е планиран за октомври.
Инаку, новинарот Садику на јавноста во регионот и е познат од Европското првенство каде што намерно ги провоцираше српските навивачи гестикулирајќи двоглав орел за време на натпреварот помеѓу Србија и Англија.