На маршот учествуваа илјадници жители на Кочани и регионот. Кај сите е евидентна тагата, солзите сами доаѓаат.Може да се нарече и „Марш на тишината“, бидејќи почнувајќи од Градскит парк во Кочани кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителство во Кочани колоната луѓе се движеше и застануваше на наведените места, само кога стигнаа пред Основниот суд и Јавното обвинитрелство сите во еден глас порачаа: „Бараме отчет за сработеното.
„Нашите ангели заслужуваат правда“ е она што го бараат родителите на настрадните истакнато преку транспаренти.
Се одржа вториот протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 61 младо лице и близу 200 повредени.