<div class="entry-content entry clearfix" readability="49">
Луис Томас Буфон, најстариот син на поранешниот голман на Јувентус и Италија, Џанлуиџи Буфон, изјави дека донел одлука на репрезентативен план да настапува за Чешка, родната земја на неговата мајка, манекенката Алена Середова.<br>Седумнаесетгодишниот крилен напаѓач е роден во Торино, а на 9 март дебитираше во Серија Б во тимот на Пиза.<br>Луис Буфон во средата пристигна во Прага на тренинг камп со репрезентацијата на Чешка до 18 години, која се подготвува за турнир во Португалија.<br>„Разговарав околу тоа со моето семејство и решивме дека играњето за Чешка ќе биде најдобрата одлука за мојата кариера и развој како фудбалер“, изјави синот на Буфон во интервју за Чешката фудбалска федерација.<br>„Секако дека мајка ми беше многу среќна, но и татко ми, бидејќи ова е моја прв повик во репрезентацијата. Тој, исто така, ме советуваше да играм за Чешка бидејќи тоа е најдобриот начин да се развивам како играч“, изјави младиот напаѓач, кој во моментов се обидува да го подобри својот чешки јазик.
<div class="stream-item stream-item-below-post-content"><div class="Largeadd">