– „Пратките биле складирани кај дистрибутер кој имал законска обврска да ги уништи, но наместо тоа, добил фиктивна потврда од овластена депонија. Ова претставува сериозен криминал кој директно ја загрозува безбедноста на храната“, велат од АХВ.При вонредната контрола биле пронајдени 40.751 килограми небезбедни производи, меѓу кои сувомеснати и кондиторски артикли.
Анализите покажале дека храната содржела зголемено количество на фосфати, што претставува сериозен ризик за здравјето на потрошувачите.
Производите биле веднаш уништени, а полицијата запленила и комбе во кое биле откриени уште 360 килограми небезбедна храна.
Инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со полицијата, извршија вонреден инспекциски надзор во див магацин во скопската населба Маџари и открија дека нелегално се складирала храна, која била полна со фосфати, небезбедна за консумирање.
За прекршувањето, на операторот со храна му е изречена казна од 18.000 евра, додека одговорното лице е казнето со 1.500 евра.