
„Футмеркато“ пренесува дека има најмалку 4 екипи кои се сериозно заинтересирани за најдобриот стрелец оваа сезона во Серија А Станува збор за Матео Ретеги, италијанско-аргентинскиот напаѓач досега постигна 20 гола, се наоѓа на врвот на листата на стрелци во Серија А.
Двата најзаинтересирани тима се чини дека се Арсенал и Манчестер Јунајтед, кои според спорните медиуми стапиле во контакт со Аталанта и се уште се во почетна фаза на преговори.
За 25-годишниот фудбалер се заинтересирани и Астон Вила и ПСЖ, но се уште немаат остварено директен контакт со играчот и клубот од Бергамо. Актуелниот договор на Ретеги со Аталанта истекува во летото 2028 година, а неговата ослободителна клаузула е 50 милиони евра.
Многу прифатлива бројка за 4-те дотични екипи, но конкуренцијата за италијанско-аргентинецот ќе стане уште посилна во текот на летниот преоден рок, каде Аталанта сигурно ќе му ја зголеми цената, но е свесен дека ќе биде невозможно да го задржи долго со оглед на интересот на големите клубови, па ќе настојуваат да извлечат максимум од неговиот картон.