Најмалку четири лица загинаа откако денеска се урна мост во изградба во Јужна Кореја, јави новинската агенција Јонхап.
Во несреќата која се случи на околу 80 километри јужно од Сеул, повредени се шест лица, од кои пет потешко.
Јонхап објави дека пет челични греди долги 50 метри што го потпираа мостот се урнале еден по еден откако работниците користеле кран за да ги преместат гредите меѓу столбовите.
Мртвите и ранетите работеле под мостот.