
На 20.03.2025 на Граничен премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(34) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за лицето е распишана меѓународна потерница од Интерпол-Германија за сторено кривично дело „трговија со дрога“.
Од Основен суд Скопје му е одреден 30 – дневен екстрадиционен притвор, по што е пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.