
„Во договор со Фудбалскиот сојуз на Италија и Здружението на италијански судии. Лигата даде зелено светло за објаснување на главниот судија на одлуките по користење на ВАР“, објави раководството на Лига Серија А.
Италијанските судии одлуките донесени по консултација со ВАР системот во полуфиналето и финалето од италијанскиот куп ќе ги објаснуваат на навивачите, потврди раководството италијанското фудбалско првенство.
Овој експеримент засега се однесува на преостанатите пет натпревари во купот во кој во полуфиналето ќе играат градските ривали Милан – Интер и Емполи – Болоња. Финалето е закажано за 14 мај.