
„Ама ајде, како е можно ова? И јас би го посакал истото. И јас би сакал да станам тренер на Баерн Минхен. Но животот е чуден и нема правила“.
„Го остави клубот со минус од 127 милиони фунти, испаднат во втора лига… и доби понуда да стане тренер на Баерн Минхен!“
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„И сега го имаме Компани. Тој освои 24 бода и покрај тоа што инвестираше стотици милиони во засилувања“.
И покрај тоа што доживеа неуспех, Винсент Компани доби примамлива понуда за работа и стана тренер на Баерн Минхен, нешто за кое не може да поверува Шон Дајч.
„Јас потрошив едвај 9 милиони фунти и освоивме 35 бодови, кои за жал не беа доволни за да опстанеме во Премиерлигата“ – вели Шон Дајч за сезоната 2021/22 на кормилото на Барнли.
Винсент Компани во својата прва сезона како тренер на Барнли стигна до титула во Чемпионшип и промоција во елитата, но се сопна веќе во првата сезона во Премиерлигата и експресно се врати во втора лига и покрај тоа што беа инвестирани стотици милиони фунти во засилувања.