„Ги сервисиравме противпожарните апарати бидејќи им беше истечен рокот. Проблемот не беше кај нас, туку фирмата што ги сервисираше го смени телефонскиот број, но ние ги сервисиравме, а што се однесува до хидрантите, тие одамна не функционираат. Немаме буџет за санирање на хидрантите и знаеме во каква состојба се, но сега сме во контакт со општината и инспекторатот и ќе одвојат средства за нивно санирање“, информира Имберја Адеми.
„Не добивме официјален извештај што забележале и што недостига, но во разговор со нив ги увидовме недостатоците и почнавме со работа. Имаме недостаток во моделот на хидрантите и можеме сами да го решиме, па затоа ја започнавме процедурата за замена на опремата внатре во хидрантите“, вели Јетон Камбери.
Општинскиот инспекторат во Тетово констатирал дека нема противпожарни хидранти во неколку училишта. Засега нема преземени чекори за надминување на состојбата, а училиштата се уште не го добиле извештајот. Директорите се жалат и на недостиг на пари, пренесува ТВ 21.