
Репрезентацијата на Нов Зеланд е втората која го обезбеди пласманот на Светското првенство преку квалификациите, претходно тоа го направи селекцијата на Јапонија. Секако, познато е дека домаќините на турнирот (САД, Мексико и Канада) се учесници.
Нов Зеланд беше и фаворит во натпреварот со Нова Каледонија која со пласманот на Мундијалот ќе направеше мега сензација, но тие ќе имаат уште една шанса тоа да го направат преку интерконтиненталниот баржа.
Стрелци на головите беа Мајкл Боксал во 62. минута, Костас Барбурусес во 66 и Илиајџ Џаст на десетина минути пред крајот.
Во финалето од квалификациите во зоната на Океанија тие ја совладаа Нова Каледонија со резултат 3-0.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
За Нов Зеланд од друга страна ова ќе биде трето учество на едно Светско првенство по 1982 и 2010 година.— New Zealand Football 🇳🇿 (@NZ_Football) March 24, 2025