– За жал, четири-пет пациенти се во посериозна состојба, некаде има и влошување, меѓутоа нашите колеги во болниците каде овие пациенти се лекуваат се обидуваат да дадат максимум од себе за да го поминат овој тежок период, изјави Таравари. Неделава се очекува осум до десет пациенти да се вратат во земјава, а неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти. Во рамки на увидот што бил направен во Кочани, службените лица вчера прибирале доказни материјали поврзани со пожар во дискотеката „Пулс“, а сличен претрес е направен и во Виница, од каде се поранешниот и актуелниот раководител во Одделението за инспекциски надзор во Штип, кое е надлежно за градовите во Источниот регион. Активности за контрола на работата на угостителските и други објекти во Кочани преземаат и општинските инспекциски служби, главно во Трговскиот центар каде што се наоѓа другиот угостителски објект на сопственикот на дискотеката „Пулс“.
Од Владата по вчерашната седница на која беа усвоени измени на седум закони под надлежност на Министерството за транспорт со кои ќе се воведе обврска двапати годишно да се врши проверка на сите иматели на лиценци, потенцираа дека тоа не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли од предвидените со закон. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски претходно информираше дека од досега исконтролираните над 3 100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 е констатирано неправилно работење поради што ќе бидат одземени од правните лица.
Директорот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје, Андон Чибишев вчера изјави дека пациент кој беше на лекување во Белград е во сосема подобрена општа клиничка состојба.
Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжи со нови претреси за обезбедување докази и распити на лица, а дејствија ќе преземе и Управата за финансиска полиција. Во државава вчера се врати првиот од 115-те пациенти повредени во пожарот кои се лекуваат во странство. Според последните информации, во критична состојба се пет од пациентите во странство. Од болниците во Скопје, вчера беа испишани уште 12 пациенти. Институциите пак ги почнаа дел од законските измени за подобрување на постапките за издавање документација и подобрување на безбедносните стандарди во угостителските но и јавните објекти.
Како што беше најавено, тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат.
– Како на пр. во Општина Центар градинките се градени по стандарди од СФРЈ, каде се препорачувало јаслите да бидат на вториот кат, а по новите правилници јаслите треба да се на првиот кат. Сето тоа се смета како еден од условите кои во моментов треба да ги исполни градинката. Во наредниот период ќе треба градоначалниците да ги адаптираат, односно да интервенираат во оние делови каде не се исполнуваат условите, рече Ѓорѓиевски.
Од болниците во Скопје на домашно лекување вчера се пуштени 12 пациенти и остануваат на Клиниката за пластична хирургија, на Клиниката за токсикологија, како и во Градската болница „Св. Наум Охридски“.
Преку Црвениот крст досега собрани 61,85 милиони денари за семејствата на починатите и повредените од пожарот кои се лекуваат во странство, а исплатата на помошта почна вчера.
Првиот од пациентите кои се лекуваат во странство кој се врати вчера во државава е на опсервација на Клиниката за токсиколгија, чии тимови го одобруваат и испишувањето на повредените лица кои беа хоспитализирани во домашните болници.
Од пациентите кои се лекуваат надвор од државата, како што соопшти министерот за здравство Арбен Таравари, во критична состојба остануваат четири до пет пациенти.
Јавното обвинителство вчера соопшти дека истражните тимови при претреси на пет локации во Кочани и во Скопје одзеле дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Обвинителството најави дека ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.
Овие измени ќе овозможат проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа. Со тоа пријавата за исполнување на минималните технички услови за вршење угостителска дејност пред да биде доставена како пропратен документ во барањето за лиценцата ќе треба да има потврда за нејзината веродостојност од Државниот пазарен инспекторат, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Веќе се работи на новото законско решение со кое и ќе се зголеми вредноста на казните.
По контролите на јавните објекти за поседување на документацијата и исполнување на безбедносните стандарди што стартуваа по пожарот во дискотеката „Пулс“ за која се утврди дека имала фалсификувана лиценца, Министерството за економија вчера најави дека ќе подготви измени Законот за угостителска дејност со цел проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа, како што беше пред 2008 година. На вчерашната владина седница, пак, беа усвоени предлози за изменување и дополнување на седум закони под надлежност на Министерството за транспорт, а со кои ќе се воведе обврска двапати годишно да се врши проверка на сите иматели на лиценци.
Утврдени се аномалии и во домовите за стари лица и ќе треба наредниот период да се постапува и таму. Предупреди дека постојниот систем се базира на дискрециско право на инспекторите, наместо на законски дефинирани рокови за постапување.
Тимот од јавни обвинители работи на активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, како и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица. Со истрагата се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани. Поднесени се две кривични пријави за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. Тече и 30-дневниот притвор за осомничените меѓу кои се тројца поранешни градоначалници на Кочани Николчо Илијев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)…
– Кај нас она што недостасува, според мене, е промени во законот во делот секој законски мора да постапува во одреден период. Тоа се однесува и на инспекциските служби. Сега е за жал оставено на добрата волја на инспекторот. Кој со кого се познава, и кој колку побрзо може да добие одредена потврда одобрение итн. Многу често се дискутира околу тоа изминатиов период, дали требало да се случи ваква ситуација за да излеземе ние во вондредни контроли, во сите објекти од јавен карактер, изјави Ѓорѓиевски.
– Се прават некои клинички иследувања. Тој е прегледан и е во сосема добра состојба, со добри клинички параметри. Ќе направиме некои наши иследувања за да бидеме сигурни дека можеме да го пуштиме дома да си оди кај семејството. Протоколот вели дека треба да земеме барем основна лабораторија, да направиме едно интервју за да видиме низ се што прошол додека се лекувал таму. Доаѓањето во својата држава и дома, секако дека за него е да не кажам малку стресна состојба и ние не можеме веднаш да го пуштиме да си оди дома и ќе ги направиме иследувањата, изјави Чибишев.
Како што најави претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, до крајот на овој месец сите градоначалници треба да обезбедат записници за безбедноста за училиштата, градинките, спортските сали и за сите културни установи под нивна надлежност. Ќе бидат споделени на заеднички координативен состанок со Владата и со јавноста. Дел од општините веќе постапуваат во делот на безбедноста и поседувањето хидрантска мрежа. Досега утврдени се одредени аномалии, кои, како што вели, не се од невидени размери, кои не можат да се адаптираат во наредните неколку дена.