
Инаку, Бибер во последните месеци често е во центарот на вниманието поради загрижувачкото однесување, наводната употреба на дрога и брачната ситуација со сопругата Хејли, со која пред повеќе од половина година го доби синот Џек. И покрај гласините дека парот е на работ на развод, тие и понатаму јавно се појавуваат како хармоничен пар.Тој потоа им кажал на фотографите да си заминат. „Тоа е сè за што вие се грижите. Парите. Не се грижите за луѓето. Само парите… Не ви е грижа за луѓето“, рече тој.Испадот доаѓа помалку од еден месец откако пејачот призна дека има проблеми со бесот во криптична објава. „Имам проблеми со гневот, но сакам да растам и помалку да реагирам“, рече тој.Бибер потоа им пришол на папараците и им рекол дека само „сакаат пари“. „Пари, пари, пари, пари, пари“, повторуваше додека гестикулираше со прстите како да бара пари.
Пејачот веднаш го покри лицето кога забележа фотографи со камери и телефони како го снимаат. “Добро утро”, рекол еден од папараците, на што Бибер одговорил: “Не! Не е добро утро! Веќе знаеш. Зошто си тука?”Џастин Бибер се судрил со фотографите кои го снимале додека влегувал во кафуле со пријателите во Палм Спрингс.