Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, потврдуваат од Обвинителството.Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.
Станува збор за Мухсин Арифи, директор на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје.
Како што дознаваме, тој заедно со посредник, барале и примиле поткуп од 20.000 евра.
Се постапува за целосно расчистување за настанот.