
На крајот, тие сфатија дека шумот всушност не се пречки, туку доказ – ехо на Големата експлозија, сега позната како космичко зрачење на микробранова позадина.
Како настанал овој незамисливо голем универзум?
Во тие рани експлозии, биле создадени и потешки елементи како јаглерод, азот и железо – оние што ги сочинуваат планетите, растенијата, па дури и човечкото тело.
Е тоа е сосема друга приказна.
И навистина, во средината на 1960-тите, астрономите Арно Пензиас и Роберт Вилсон се обидуваа да ги наместат радио антените за да фатат микробранови сигнали од нашата галаксија. Маѓутоа, тие постојано наидуваа на слаб, постојан шум. Тие пробаа сè – дури и да ги отстранат гулабите што се населиле во антената и да го исчистат нивниот измет – но шумот не исчезнуваше.
„На почетокот на универзумот постоело само водород и хелиум“, вели Герлс. „Но, експлозиите почнале да ги „сеат“ галаксиите со елементите неопходни за живот – оние од кои сите сме создадени“.
И што не чека на крајот?
„Не можете ни да замислите колку е огромен, неразбирливо, застрашувачки голем универзумот“, вели писателот Даглас Адамс.
Идејата не наиде на одобрување. Познатиот астроном Фред Хојл иронично ја нарече оваа теорија „Биг Бенг“, не сфаќајќи дека токму ова име еден ден ќе стане општо прифатено.
Првично, оваа теорија не доби внимание. Но, две години подоцна, астрономот Едвин Хабл откри дека вселената всушност се шири. Ако тоа е точно, резонираа некои научници, тогаш, во ретроспектива, во одреден момент целиот универзум мора да постоел како една мала, густа точка.
Долго време се веруваше дека универзумот отсекогаш постоел, стабилен и непроменлив, како совршен механизам кој функционира според законите на физиката. Меѓутоа, во 1927 година, белгискиот свештеник и научник Жорж Леметр предложи сосема поинаква идеја – дека универзумот потекнува од единствен, огромен, „бремен“ и праисконски атом кој експлодирал и создал се што гледаме денес.
Во првата секунда се појавиле протони и неутрони, а неколку минути подоцна почнале да се спојуваат во јадра на водород и хелиум. По 300.000 години, овие јадра заробиле електрони и ги создале првите атоми. Универзумот потоа бил исполнет со облаци од гас и – што е најважно – се капел во светлината оставена од радијацијата која подоцна била откриена од Пензиас и Вилсон.
Според научните модели, пред околу 13,8 милијарди години, целата материја во универзумот потекнува од една, минијатурна, исклучително густа и жешка точка – сингуларност. Следело екстремно брзо проширување, при што просторот сам се формирал и се делел на секои 10-34 секунди.
Во рамките на таа светлина имало мали испакнатини во густината кои со текот на ширење станале се поголеми – и токму тие подоцна ги формирало галаксиите и галаксичните јата што ги набљудуваме денес.
Во дел од секундата, биле создадени силите на природата – гравитацијата, електромагнетизмот и нуклеарните сили. Енергијата се трансформирала во честички од материјата и антиматеријата кои се уништувале меѓусебно – но, за наша среќа, преживеал мал вишок на материја.
Ако знаеме како започнал универзумот – се поставува прашањето: како ќе заврши сето тоа?
Добивајте вести на Viber
Според сегашните проценки, во нашата галаксија Млечниот Пат има околу 100 милијарди ѕвезди, додека во целиот универзум има најмалку 140 милијарди галаксии.