Исламската верска заедница во Северна Македонија го објави календарот за месец Рамазан, јавува ТВ21.
Првото Сухур, кое ќе биде денеска, треба да заврши во 04:32 часот, додека постот ќе заврши во 17:30 часот.
Од почеток до крај, времето за сухур и ифтар ќе се помести за 70 минути. Месецот Рамазан ќе трае 29 дена, а Бајрам ќе се слави на 30 март.
