„Во договор со менаџментот на Пеѓа Јовановиќ, новиот датум за концертот е четврток, 15 мај“, велат од ЕвентГрупмк.Сите купени влезници ќе важат за новиот термин, додека останатите детали околу организацијата остануваат непроменети. Организаторите им се заблагодаруваат на публиката за разбирањето и поддршката, со ветување дека мајскиот концерт ќе биде вечер за паметење.

Како што дознава музичкиот портал Музика24, концертот на популарниот српски пејач Пеѓа Јовановиќ е одложен поради околностите со кои сите во моментов се соочуваме. Тежината на ситуацијата нè поттикна да донесеме одлука која ќе овозможи повеќе време за адаптација и продолжување понатаму.