
Се очекува период на променливо облачно време со услови за утринска магла по котлините.
Од четврток ќе има локални врнежи од дожд, додека поради постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, соопшти ДПХМ.
Утре се очекува променливо време со облачни периоди со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се движи од -1 до 5, додека максималната ќе се движи од 6 до 12 степени.
Во Скопје променливо време со појава на магла по одделни котлини претпладне. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, додека максималната ќе достигне до 11 степени.