
– Она што е впечатливо за вчерашниот ден е фактот дека се евидентирани и 178 прекршоци што ги направиле пешаците, се наведува во соопштението од МВР.
МВР денеска соопшти дека најбројни се прекршоците на непрописно паркирање (241), потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената (279).
Исто така, од сообраќај се исклучени вкупно 22 возила од кои 8 биле технички неисправни, а 14 биле нерегистрирани.
Инаку, вчера регистрирани се 84 учесници во сообраќајот кои не поседувале возачка дозвола, во девет случаи откриени се алкохолизирани возачи, шестмина возачи минале на црвено светло, а казнет е и еден возач на електричен тротинет. Покрај ова по основ на неносење сигурносен појас изречени се 39 прекршочни казни, плус еден прекршока заради неносење заштите шлем, а по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење изречени се 34 платни налози.
Во рамки на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени 1001 платни налози, најмногу во текот на овој месец.
МИА