
Оклахома застана во продолжението на мечот против Минесота каде загуби со 131-128, меч на кој се истакна Џејден МекДаниел со 27 поени. Сепак, тимот на Тандер го задржува првото место во Западната конференција. Денвер победи на гостински терен, совладувајќи ја Индијана со 125-116. Гордон ги предводеше Нагетс со 25 поени, со 6 играчи кои постигнаа над 10 поени. Чикаго победи лесно, совладувајќи ја Филаделфија со 142-110 благодарение на 48 поени од двоецот Гиди-Хуертер.
Екипата на Детроит ги совлада Клиперс со 106-987 во израмнет натпревар. Канингем со 32 поени беше лидер кај домашните. Мајами разочара, губејќи од Атланта со 98-86. Решавачка беше клупата на домаќините од каде дојдоа 49 поени.
НБА-Денешни резултати
Детроит – Клиперс, 106-97
Индијана-Денвер, 116-125
Филаделфија-Чикаго, 110-142
Вашингтон-Бруклин, 107-99
Атланта – Мајами, 98-86
Оклахома-Минесота, 128-131
Јута Џез – Портланд, 112-114
Сакраменто-Шарлот, 130-88