
Бујар Османи од ДУИ реагираше до ВЛЕН по изјавите на министерот за администрација Горан Минчев, кој според него го иронизирал вицепремиерот со тоа што на Албанците им кажува многу лаги како да се во земјата на чудата.
„Министерот за администрација го исмејуваше вицепремиерот кажувајќи му доволно лаги за Албанците како да се во земјата на чудата – отворена навреда која покажува колку сериозно владата ги сфаќа своите албански партнери.
Ова е нивото на почит што сегашната власт го има за Албанците: ги користат како украс и ги исмеваат кога сакаат.
ВЛЕН ветуваше влијание и еднаквост, но реалноста е дека немаат глас и станаа предмет на потсмев од сопствените партнери“, напиша Османи на социјалната мрежа Фејсбук.
Од големо ветување, како што напиша Османи, завршија како ликови од бајка – безвредни и безнадежни!