– Врз основа на ова, Комисијата за етика донесе одлука за итно исклучување од партијата на Мухсин Арифи, како и негово разрешување од функцијата претседател на Огранокот Сарај, до донесување конечна одлука од страна на надлежниот суд. AА нема да толерира никаква злоупотреба, прекршување на законот или на Етичкиот кодекс на партијата. Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА, бидејќи довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет, се наведува во соопштението од АА.Како што денеска соопштија од оваа партија, етичкиот кодекс на AА бара политичките претставници да имаат високи стандарди на морален, правен и професионален интегритет, а членовите на раководните структури да постапуваат во согласност со законот, Програмата и Статутот на партијата, избегнувајќи лични финансиски или материјални придобивки.
Комисијата за етика на Алијансата за Албанците (АА) на состанокот одржан вчера го разгледала случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, осомничен од надлежните органи за земање мито и донела одлука за негово итно исклучување од партијата.