
Полицијата и пожарникарите биле повикани во западната провинција Вилкополски по извештаите за неидентификуван објект кој паднал во планинска област.
По истрагата и отстранувањето на парчето, портпаролот на противпожарната служба објави дека најверојатно станува збор за остатоци од една од ракетите на Илон Маск, пишува Телеграф.
Се сомнева дека тоа е четвртиот фрагмент што е пронајден во различни региони во последните денови.
Ракетата Фалкон 9 беше лансирана од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија претходно овој месец, со цел да ги постави сателитите Старлинк во ниската орбита на Земјата.
Речиси три недели по лансирањето, фрагменти од ракетата почнаа да паѓаат во атмосферата на Земјата – речиси директно во центарот на Полска.