
Другата причина поради која Владата бара разрешување на Коцевски е тоа што тој открил истражни тајни кои биле во судски постапки или предмети за кои имал законска обврска да ги заштити и докаже.
Дополнително, Владата тврди дека Коцевски со прекршување на Уставот, законот и ратификуваните договори сериозно му нанел штета на Јавното обвинителство.
Понатаму, во образложението на Владата беа нагласени обврските што ги имаше главниот обвинител и не ги исполни.
Разрешувањето на Коцевски доаѓа во време кога Владата започна отворена војна за како што тврдат реформите во правосудниот систем. Премиерот Мицкоски пред неколку дена изјави дека по разрешувањето на главниот обвинител на ред е Судскиот совет.