Очи болат од луксузот: Погледнете го станот на Ноле кој чини 10 милиони долари, еве кој е неговиот сосед
Инаку, непосредно пред Новак, стан во близина купил и Кристијано Роналдо, а сите членови на семејството Ѓоковиќ остануваат тука кога се во Њујорк.
Светските медиуми пишуваа дека цената на овие недвижности била 10 милиони долари, а луксузот е незамислив како и местото каде што се наоѓа.
Покрај спектакуларниот поглед од станот со стаклени ѕидови над целиот Менхетен, апартманот е одлично дизајниран, во светли бои, опремен со рачно изработен мебел, има подно греење и огромни тераси.

Освен оваа навистина репрезентативна, Новак поседува имоти и во Монте Карло, Белград, Мајами, Тиват и веќе споменатата вила на падините на Фрушка Гора и покрај езерото во која најмногу уживаат Срѓан и Дијана Ѓоковиќ.
Многумина сепак најмногу му завидуваат на неговите апартмани во Њујорк бидејќи тоа е престижен имот што многу светски ѕвезди би го посакале како статусен симбол. Станува збор за два апартмани со вкупна површина од 185 метри квадратни на истиот кат на една од двете кули кои се дело на познатиот архитект Ренцо Пијано.
Се шушка дека намерно купил два апартмана за еден ден Стефан и Тара да можат да уживаат во својата приватност, а дотогаш да ги користат сите членови на семејството.
Тука е и луксузниот спа центар, теретана опремена со најдобра опрема и огромен базен. Секој детал е подреден на највисоките барања на станарите, а квалитетот и дизајнот се на највисоко ниво за да ги задоволат и најпребирливите барања на сопствениците на прескапите апартмани.
Иако ја обожава Србија и изгради прекрасна вила за своето семејство на брегот на езерото Павловац, Новак Ѓоковиќ поседува бројни имоти ширум светот.
Кога го купил станот, Новак не криел дека многу му се допаднал: „Воодушевен сум од дизајнот на зградата и фантастичната локација. Њујорк и Мајами секоја година се на мојата листа за патувања и возбудливо е да имам каде да се вратам“, изјави тогаш.
Новак Ѓоковиќ за сосед во Њујорк го има Кристијано Роналдо