
Зад таа хипнотичка музика стои сериозен музички бекграунд – Пабло започнал уште на шест години со класична музика, свирејќи чембало на Националниот конзерваториум во Тулуз. Потоа студирал звучен дизајн во Монпеље и ја нашол својата креативна слобода во андерграунд сцената на Берлин. Освен како соло артист, тој е дел од неколку проекти: Imperial Black Unit, Soft Crash, и дуото Infravision (со продуцентот Кендал) – сите препознатливи по иновативноста и моќниот звук.Настапите на Бози не се само диџеј сетови – тие се искуства. Од Berghain/Panorama Bar во Берлин, до EDC во Лас Вегас, Nuits Sonores во Лион и фестивали ширум Франција и Австралија, тој остави неизбришлива трага на секој подиум што го допрел. Сега, оваа музичка авантура доаѓа и во срцето на Балканот.Потекнува од Франција, живее и твори во Берлин, а неговото име е веќе синоним за фузија на минатото и иднината во музиката. Познат е по својот уникатен стил „Italo Body Music“ – моќна комбинација на итало-диско од осумдесеттите, EBM енергија и современ техно грув. Неговите сетови се полни со фанк бас-линии, синтвејв носталгија и ритам машини што пулсираат на граница меѓу винтиџ и футуристичко.Ако бараш фестивалско доживување кое ќе го помниш – Пабло Бози на „Freshwave“ е моментот што не се пропушта.Ова лето, главната бина на фестивалот „Freshwave“ ќе блесне посилно од кога било – од 7 до 9 август во Бања Лука, публиката ќе ја почувствува неповторливата енергија на Пабло Бози, еден од најиновативните артисти на глобалната електронска сцена.