
Според соопштението од Ватикан, папата е во критична состојба и денеска мораше да биде ставен на опрема за кислород.
Како што пренесува агенцијата Анса, денешните тестови на крвта покажале и недостаток на тромбоцити, поврзан со анемија, поради што е потребна трансфузија на крв.
„Состојбата на Светиот Отец и понатаму е критична. Папата не е надвор од животна опасност. „Утринава папата Франциско претрпе продолжена астматична респираторна криза, за која беше потребна и примена на високопроточен кислород“, соопшти Ватикан.
Во објавеното соопштение се наведува дека поради ситуацијата не може со сигурност да се даде медицинска прогноза за текот на болестите со кои се соочува Папата. Според лекарите, неговиот живот и понатаму е во опасност (Panorama.al).