Тој рече дека на маса се нови пакети за поддршка за Украина и дека постои „заеднички став“ за тоа како да се потисне Русија.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави денеска по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите лидери на „Коалицијата на подготвените“ во Париз дека сега не е време за укинување на санкциите кон Русија.
Според неговите зборови,треба да и се даде поголема поддршка на Украина за таа да биде во најсилна можна позиција.
Украинскиот претседател нагласи дека сите разбрале дека Русија не сака никаков мир, но тие ќе продолжат да се обидуваат.
„Апсолутно е јасно дека Русија се обидува да одложи, да игра игри и ние треба да бидеме апсолутно јасни за тоа“, рече Стармер, говорејќи пред новинарите заедно со украинскиот претседател по состанокот на лидерите на „Коалицијата на подготвените“ за поддршка на Украина, пренесе Ројтерс.
Зеленски им се заблагодари на Стармер и Франција за нивната поддршка, повторувајќи дека санкциите не треба да се укинат додека Русија не ја прекине војната.